Продолжува период на променливо облачно и нестабилно време до недела

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 10 °C до 25 °C.

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот(во л/м2): 18 Крива Паланка, 14 Виница, 8 Берово, 6 Крушево, 4 Охрид, 2 Дојран, Попова Шапка, 1 Тетово, Штип, Струмица, Маврови Анови.

УХМР со актуелно предупредување:
До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, а околу пладне и попладне на повеќе со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми