Мајкрософт ги повика корисниците веднаш да го ажурираат Windows, откако беше откриена грешка во тој оперативен систем, пишува CNN.
Проблемот настана откако истражувачите од компанијата за сајбер безбедност „Сангфор“ случајно објавиле детални упатства како se искористuva PrintNightmare грешката во рамките на услугата Windows Print Spooler.
Експертите на крајот на мај објавиле дека ја пронашле грешката и пријавиле во „Мајкрософт“, но упатствата веќе биле објавени на други страници.
Мајкрософт одговори со изјава во која се наведува дека хакерите, користејќи ја грешката, можат да ја преземат контролата над компјутерот, да избришат и инсталираат датотеки и да додадат нови кориснички сметки со целосни кориснички права, што ќе им даде голема контрола врз компјутерот и може да предизвика сериозна штета.
Мајкрософт ги повика сите корисници на Windows 7 и 10 да ги ажурираат своите компјутери веднаш преку услугата Windows Update за решавање на потенцијален сериозен проблем.