СВР Битола, поднесе кривична пријава против М.К.(55) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 04.04.2025 при влез во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, бил извршен преглед на пријавениот – осуденик во установата и била пронајдена и одземена марихуана.
