Неексплодирано убојно средство (НУС), конкретно авионска бомба од минатите војни, е пронајдена во с.Бучин, општина Крушево, информираат од ЦУК.
За понатамошно постапување известени се МВР ПС Крушево и ДЗС Битола.
Од ЦУК се апелира до граѓаните да не ги фаќаат и поместуваат неексплодираните убојни средства кога ќе ги најдат, бидејќи не се знае кога може експлодира, туку едноставно да се јават и да ги пријават на 112 во ЦУК, како и кога се реагира при сите други разни потенцијални опасности за граѓаните и околината.