Реновирано основното училиште во Канатларци со грант од Јапонска амбасада

ООУ „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци е целосно реновирано преку  Јапонската програма за  мали грантови (GGP).  Со проектот се заменети старите и дотраени врати и прозорци со нови, направена е и реконструкција на дренажа како и бојадисана е училишната зграда. Оваа инвестиција чини 57.365 илјади евра.

Амбасадорот  Савада Хиронори посочи дека е задоволен од тоа дека ја подобриле средина за учење во ова основно училиште кое како објект ќе послужи не само за сегашните туку и за идните генерациии. Исто така посочи дека заедно со градоначалникот Борче Јовчески оствариле позитивна дискусија за тоа дека изградиле одлични врски и пријателство, како и можности за идна соработка во повеќе свери.

Градоначалникот Борче Јовчески се заблагодари на амбасадорот на Јапонија во Македонија Н.Е. Г-дин Савада Хиронори за денешната посета посочувајќи дека на денешна средба разговарале за реализација на голем број проекти и продлабочување на соработката со амбасадата наЈапонија. Исто така посочи дека, денеска во ООУ „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци преку проектот за подобрување на училишната средина во основните училишта успешно се реновира ова училиште со замена на врати, прозорци и дренажа околу училиштето. Оваа практика за подобрување на условите во училиштатата ќе продолжи и понатаму се со цел да обезбедиме подобри услови за настава и квалитетно образование.

Ова е втор проект кој е реализиран во Општина Прилеп од страна на Јапонската амбасада.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира