Заменик министерот Ристески денеска одржа состанок со претставници на менаџментот на реномираната германска компанија „Лидл“, на која се дискутираше за новите инвестиции на трговскиот ланец во нашата земја.

„Денес остварив средба со претставници на менаџментот на реномираната германска компанија „Лидл“ на која разговаравме за новите инвестиции на трговскиот ланец во Македонија. На состанокот со Милена Драгиска-Денчева, главен извршен директор на „Лидл“ за Бугарија, Рубријан Хаџиев, главен оперативен директор на „Лидл“ за Македонија и Теодора Хаџи-Димова Танаскоска, директор за човечки ресурси во „Лидл“ – Македонија дискутиравме за текот на работите на терен и изградбата на меркетите на повеќе локации во Македонија, како и изградбата на логистичкиот центар во индустриската зона во Куманово, кој ќе служи како центар за снабдување на синџирот маркети. Со отворањето на Лидл маркетите на македонскиот пазар би имале производи со европски стандарди и цени прифатливи за нашите граѓаните, но и ќе добиеме одлична платформа и пласман на македонските производи во маркетите на Лидл во Македонија и регионот“, истакна Ристески.