Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Интересот за приклучување на компаниите во акцијата „Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи. Од 15 декември до 15 јануари граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи од 83 компании кои тие самите ги понудија, со пониски цени од најмалку 10 проценти, истакна заменик министерот за економија Марјан Ристески.
„Сакам да се заблагодарам на сите компании кои се дел од оваа акција (производители, дистрибутери и маркети), кои излегоа во пресрет на повиците на јавноста и на дело ја покажуваат нивната општествена одговорност. Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на info@mojakosnica.mk.Апелирам компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки истите да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk“ вели Ристески.