Врз основа на член 43 од Статутот на Општина Прилеп (“Службен гласник на Општина Прилеп” бр.6/2003, 4/2005, 11/2008, 9/2019, 5/2021 и 3/2023) и член 4 од Одлуката за востановување на општински награди и признанија број 08-1281/5 од 03.10.1997 година, Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, на седницата одржана на ден 27.10.2025 година, донесе:
О Д Л У К А за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп
Член 1
Наградата за животно дело, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:
- Рубенс Корубин- основоположник на нео-романтизмот во светски рамки
- Јове Магдески (постхумно)- особен придонес за фудбалот во Прилеп
Член 2
Награди -плакети по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:
- МИКРОСАМ ПРИЛЕП – 35 (триесет и пет) години постоење
- Народен театар ,,Војдан Чернодрински’’-Прилеп– 75 (седумдесет и пет) години постоење
- НВО ,,Hand Till Hand’’-Кралство Шведска – хуман и општествен ангажман во здравствената заштита
- Интеракт клуб Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп – млади ентузијасти со вреднување на солидарност и хуманост
- Здружение на граѓани ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД ФЕНИКС – јубилејно постоење од 10 (десет) години
Член 3
Награди -дипломи по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
- Елизабета Митреска – за особен придонес во новинарството
- Петре Кироваков – поет и активист во Здружението на протераните македонци од Егејскиот дел на Македонија
- д-р Биљана Консулоска Гвероска – автор на научни публикации од областа на земјоделството, акроекологијата и тутунопроизводството
- Владимир Ѓорѓиески – репрезентативец на Македонија во билијард
Член 4
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен гласник на Општина Прилеп”.