Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР Кривогаштани Ве поканува на Саем на земјоделски производи и Домашно.мк кој ќе се одржи на 15ти Октомври (сабота) со почеток во 10 и 30 часот во Старата чаршија во Прилеп, односно околу градскиот саат.
На саемот ќе бидат промовирани органски производи, крушевски слатка и џемови, мед и медни производи, ајвари и макала, сирење, домашно произведени масла, производи од лаванда, производи под сач и многу други традиционални производи, а во рамките на саемот ќе има културно-уметничка програма на Културно уметничкото друштво Мирче Ацев од Прилеп.
„За децата подготвивме забавно катче, и точно од пладне низ игра, песна и смеа ќе се запознаваат со земјоделските производи и здравата исхрана“, велат од ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
Со свои дела ќе се претстави Клубот на литературни творци Прилеп, а секој љубител на пишаниот збор може со купувањето на нига од нашите автори да даде придонес во хуманитарни цели.