Самарџиоски: За да има напредок, државата треба да се фокусира на образованието, правниот и здравствениот систем

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска пиварница“, во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески истакна неколку клучни проблеми кои влијаат врз македонската економија и кои ја ставаат во нерамноправна позиција во однос на други држави. Според Самарџиоски, три основни сегменти треба да бидат поставени како стратешки приоритети на секоја земја која сака да постигне економски напредок: образованието, правниот систем и здравствениот систем.

„Трите најважни сегменти кои треба да бидат поставени како основа за напредок на државата се: образованието, правниот систем и здравствениот систем. Ако ги немаш поставено тие три сегменти како што треба, на краток рок нема да се постигне значителен напредок“, изјави Самарџиоски, додавајќи дека ако овие системи не функционираат како што треба, ќе има недостиг од кадар, здравствена грижа и ефикасност, што ќе влијае врз целокупниот напредок на државата.

Тој ја изнесе загриженоста за неконкурентната и неподготвена работна сила во земјава, која, меѓу другото, е резултат на несоодветниот образовен систем. Самарџиоски го потенцираше значењето на стратегијата и на континуитетот, напоменувајќи дека краткорочните решенија и промените на стратегиите на секои две години не водат никаде.

„Доаѓаат странски инвеститори кои бараат подготвен кадар, а ние немаме таков кадар, ниту ќе имаме допрва бидејќи направивме попара во образовниот систем. Немавме национална стратегија за образованието и се доведовме до тоа да вработуваме кадар со диплома кој почнува да учи од нула кога ќе дојде во фирмите“, објасни Самарџиоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира