Само 35% од вработените земаат плата над просечната

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Државниот завод за статистика од почетокот на годината забележува постојан раст на просечната плата што најмногу се должи на растот на платите во ИТ индустријата и фармацијата. Но, според податоците вработените во најголемиот број дејности земаат плати под просекот. Само 35 % од вработените граѓани во земјава земаат плата над просечната која сега изнесува 28.721 денари.

Државен завод за статистика:

– Производство на облека и кожа – 17.570 денари;

– Дејности за подготовка на оброци и служење храна – 18.780 денари;

– Туристички агенции – 19058 денари;

– Производство на прехрамбени производи – 22.481 денари;

– Уметност, забава и рекреација  – 26.969 денари и

– Образование  –  27.736 денари.

За да се намали големата разлика на платите потребно е почитување на колективните договори И засилени контроли од инспекциите посочуваат од Сојузот на синдикати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми