Денес е Светски ден на јаболкото.
Македонија е држава која што има идеални услови за одгледување на разни сорти на јаболка. Јаболкото во Македонија зазема 60% од целокупното производство на овошје, а Преспа учествува со околу 90% од тоа производство.
Јаболкото нема голема енергетска и калорична вредност. Тоа е едно од најпогодните овошја за држење на различни диети.
Најважни состојќи кои се наоѓаат во јаболката, а се корисни за организамот се:
- растителни влакна и растителни масти
- витамин А, Б, Ц
- железо и етерични масла
- калциум, калиум, натриум, магнезиум, каротин
- пектин, протеини, сулфур
- целулоза
- шеќер (фруктоза и глукоза)
- олиго елементи
Исхрана
Јаболкото се користи во различна исхрана. Од него се прават слатки, сокови, џемови, јаболков оцет и познатата јаболкова ракија.
Лесно се вари во желудникот, се препорачува да се конзумира свежо, но при подготовка на компоти и други производи од јаболка, да се избегнува неговото долго варење, бидејќи што посвежо јаболкото ги задржува повеќе од своите активни елементи и е покорисно за здравјето. Тоа содржи многу антиоксиданти и е ефикасно против бактерии и вируси, велат експертите.
Јаболкото е навистина делотворно и многу корисно овошје. Се смета дека сите кои редовно го користат јаболкото имаат долг живот здраво тело, а пред се здрави бели дробови.