Свечено отворено државното првенство во гимнастика – училишен спорт во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Денес во Прилеп – град на традицијата, културата и спортот – беше свечено отворено Државното првенство во гимнастика за училишен спорт 2025.

Настанот се одржа во присуство на ученици, наставници, тренери, гости и љубители на спортот, а свое присуство имаше и претседателката на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, која со своето обраќање даде поддршка на младите гимнастичари и го истакна значењето на спортот во развојот на младината.

„Прилеп уште еднаш покажа дека е достоен домаќин на настани кои ја негуваат младинската енергија и спортскиот дух, како и вистинските вредности: дисциплина, истрајност, тимска работа и фер-плеј.

Гимнастиката, како спорт што ја поврзува физичката и менталната сила, претставува инспирација за новите генерации. На сите учесници им посакуваме многу успех и спортска среќа!

Општина Прилеп упатува искрена благодарност до сите организатори и учесници за вложениот труд и посветеност.

Нека натпреварувањето помине во спортски дух – нека победи најдобриот!“, изјави Стерјовска Локвенец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми