СВР Битола викендов издаде 292 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (28.02,01/02.03.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата. Притоа, вкупно беа издадени 292 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 68 платни налози.

Според статистичките показатели од вкупно 1307 исконтролирани возила и возачи,прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 111 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –24 како и 7 возачи кои што управувале нерегистрирани возила. Покрај ова изречени се и 13 мерки по основ на говорење на мобилен телефон при возење, како и 36 мерки за  непрописно паркирани возила. Исто така кај 22 возали  констатирано е присуство на алкохол при што истите се отстранети од сообраќај.

Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период при што апелираме до возачите и пешаците да ги почитуваа сообраќајните правила и прописи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми