СДСМ: Како тоа за ДКСК сертификатот на Христовски е валиден кога две директорски веќе се осудени за ист таков сертификат?

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Скандалозна е одлуката на ДКСК во однос на случајот со диркеторот на АНБ Бојан Христовски и таа мора да биде повлечена. Како е можно за ДКСК да биде валиден сертификатот на Христовски за ТОЕФЛ од Пловдив Бугарија кога Суд веќе осудил две директорки затоа што приложиле ист таков серификат кој е оценет за невалиден, прашуваат од СДСМ.

„Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија, односно од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на Христовски.

Како ДКСК заклучила дека е валиден сертификатот кога суд одредил во два случаи, од исто место и од исто правно лице дека е невалиден?

Зошто ДКСК не ги земало предвид овие судски одлуки? Дали е тоа намерно?

Ова е уште една причина зошто Државната комисија за спречување на корупција треба да ја повлече скандалозната одлука и да ја врати на повторно разгледување.

Оправдани се и сомнежите за конфликт на интерес кај членката на ДКСК којашто го водела случајот по претставката во којашто се оспорува диплома на директорот на АНБ, Бојан Христовски.

Премногу сомнежи има за нерегуларности, недоследности, нелогичности, за конфликти на интерес за скандалот со Христовски кој трае со месеци.

Се добива впечаток дека не се важни закони, правила и прописи и по секоја цена Христовски власта го турка да остане на позицијата, иако е доведено во прашање дали воопшто ги исполнува условите“, стои во соопштението на СДСМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира