СДСМ: Николовски без визија за развој промовира речиси завршени инфраструктурни проекти од претходната власт

Facebook
Twitter
Email
Print

По шест месеци на власт, ДПМНЕ освен промоции на веќе започнати проекти од времето на Владата на СДСМ, не понуди и не започна ниту еден нов капитален проект во патната инфраструктура, стои во соопштението на политичката партија СДСМ.

„Ова е јасен показател за недостатокот на ДПМНЕ од идеи и визија за развој.

Министерот Николовски, наместо да презентира нови иницијативи и планови за инвестирање во патната инфраструктура, се претвори во промотор на авио-линии, што е само рутинска обврска со авиокомпаниите, а не капитална инвестиција.

Очигледно е дека капацитетот на Николовски и ДПМНЕ е ограничен на промоција на проекти кои над 90% беа реализирани за време на Владата на СДСМ.

Пример за тоа е експресниот пат Куманово – Страцин – Крива Паланка, за кој Николовски вели дека е пример за „домаќинско работење.“ Министре Николовски овој проект 90% беше завршен во време на Владата на СДСМ и вистината е дека токму СДСМ покажа како стратешки се инвестира и работи во интерес на граѓаните.

Доколку не беа блокадите од пратениците на ДПМНЕ, овој проект ќе беше завршен многу порано, дури и во текот на 2024 година. Инфраструктурата во истокот и североистокот доживеа вистинска експанзија токму за време на СДСМ, додека во времето на ДПМНЕ беше заборавена и запоставена.

Понатаму, околу 92% од делницата Градско Дреново и  над 80 % од делницата Дреново-Фариш исто така беа реализирани благодарение на домаќинското работење на Владата а СДСМ.

Министре Николовски, СДСМ ви остави три завршени крупни инфраструктурни проекти за само да пресечете лента, но и тие иако со  над 90% реализација не можете да ги довршите.

Граѓаните имаат потреба од реални капитални проекти за безбеден транспорт и економски развој. СДСМ секогаш ќе биде на страната на политиките кои значат еконоски развој и просперитет на државата“, се вели во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи