СДСМ Прилеп: Вработените во ЈП за ПУП немаат земено плата, бараат смена на директорот

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Наместо плата во законски предвидениот рок, на вработените во Јавното претпријатие за ПУП за месец мај им беше исплатен паричен надомест од 10.000 денари, известуваат во соопштение за јавност од ОО на СДСМ Прилеп.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Поради тоа, синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП за ПУП Прилеп на 20-ти јуни организирала состанок на кој биле донесени неколку одлуки. Истовремено до Управниот одбор, до директорот на ова јавно претпријатие, Бранко Нешкоски, градоначалникот Борче Јовчески, членовите и претседателката на општинскиот Совет, Ирена Стерјовска Локвенец и до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски, Петар Ристески и Билјана Кузманоска беше упатено и писмено предупредување дека доколку во рок од 3 дена не им биде исплатена плата, вработените ќе стапат во штрајк.

Бидејќи плата не добија, беше организиран двочасен протест, при што автобусите од јавниот градски превоз не возеа во периодот од 06.30 до 08.30 часот.

Притоа, шоферите на автобусите искажаа незадоволство од работата на директорот на ЈП за ПУП Бранко Нешкоски, упатувајќи на негова адреса редица обвинувања.

Нарекувајќи го „лаж невиден“, тие меѓу другото го обвинуваат Нешкоски дека после заминувањето од директорската функција во неговиот претходен мандат, како што велат, „излегле триста афери како ти со твоите соработници (шпиуни) сте ја пустошеле нашата фирма“.

Од тие причини, шоферите на автобусите од градскиот превоз бараат од Нешкоски да поднесе оставка, а доколку тоа не го стори тогаш градоначалникот Јовчески да го разреши од функцијата.

Вработените во ЈП за ПУП го потврдија она во коешто ОО на СДСМ Прилеп подолго време се сомнева и укажува – дека загубите во сите четирите општински јавни претријатија се должат на криминалното работење на директорите и нивните најблиски соработници.

Очекуваме дека после изнесените обвинувања од страна на членовите на синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП за ПУП Прилеп, Основното јавно обвинителство и МВР ќе покажат интерес и ќе преземат конкретни чекори за случувањата во ова, но и другите јавни претпријатија во општина Прилеп, стои во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми