СДСМ Прилеп до Јовчески: Охрабри се и откажи се од купувањето службен автомобил

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Ништо не може да го покрие катастрофалното (не)работење на Борче Јовчески, најлошиот градоначалник во историјата на Прилеп. Трите години од неговото, таканаречено, „менаџирање“ со градот и потрошените 70 милиони евра без да реализира ниту едно изборно ветување, значат тригодишен застој на сите општествени процеси во општина Прилеп, велат во соопштение ОО СДСМ Прилеп.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Безмилосното и непланско трошење на парите на граѓаните кулминираше со склучувањето договор за набавка на нов службен автомобил, по цена од фантастични 65.000 евра!

Во услови кога големото мнозинство граѓани на Прилеп се соочува со проблеми од егзистенцијален карактер, бркањето луксузи со нивните пари е, најблаго речено, тежок безобразлук.

Од тие причини, апелираме до градоначалникот Борче Јовчески да се откаже од намерата и да го поништи договорот за купување автомобил.

Наместо за луксуз, Јовчески и ДПМНЕ овие средства можат да ги пренаменат за делумно исполнување на нивното изборно ветување – набавка на 10 патнички комбиња или помали превозни средства за пристап до сите делови на општината.

Исто така, ги потсетуваме Јовчески и ДПМНЕ на лошата состојба на возниот парк во прилепската Територијална противпожарна единица и неопходната потреба од набавка на ново противпожарно возило.

Градоначалниче Јовчески, охрабри се и конечно направи нешто добро за градот и прилепчани – откажи се од купувањето луксузен службен автомобил!“, стои во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира