СДСМ шокирани од изјавите на Таравари – велат дека се само дефокус од економската криза која ја создаде владата

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Од опозиционата СДСМ се шокирани од изјавите на коалициониот партнер во власта ВРЕДИ за менување на химната, грбот и други етнички прашања и велат дека тоа е само обид за дефокус на Владата од економската криза која ја создаде.

„Владата на Мицкоски преку министерот за здравство, Арбер Таравари, кои повеќе наликува дека е министер без ресор, не информираше денес дека за неа поголем приоритет е решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството.

Оваа шокантна изјава на министерот Таравари, кој се занимава со сè освен со здравството, за што е задолжен, потврдува дека Владата целосно се има откажано од она што навистина им е приоритет на граѓаните. Наместо решенија за реалните проблеми, Владата ќе го замајува народот со теми од минатото за да го одвлече вниманието од болната сегашност.

А реалноста е дека за само осум месеци, Владата ја втурна државата во економска криза и сега ѝ требаат овие теми за да ја дефокусира јавноста.

По овие најави, повеќе од јасно е дека граѓаните ќе бидат „хранети“ со теми за поделба на јавноста, додека државата тоне во сиромаштија, а животниот стандард пропаѓа.

На ова СДСМ предупредуваше со месеци во кампањата – од ВМРО-ДПМНЕ не може да се очекува ништо друго“, велат од СДСМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира