Претседателот Стево Пендаровски ќе го има последниот збор за тоа дали бизнисменот Сеад Кочан ќе добие помилување и со тоа предвреме ќе ја заврши затворската казна за случајот „Труст“, пренесува Алсат.
Поранешниот сопственик на „Трансмет“ упатил барање до Министерството за правда, каде министерот Бојан Маричиќ треба да ја разгледа молбата и со свој предлог да ја достави до Пендаровски, а потоа неговата комисија за помилувња треба да даде свое мислење.
До сега тој зад решетки има поминато речиси две години и два месеци. Кочан беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.