„Семејните библиотеки во Прилеп“, нова книга на авторите Петар Петрески и Магда Василеска

Градската библиотека „Борка Талески“ во континуитет го збогатува својот библиотечен фонд. На повидок е уште едно ново дело. Станува збор за книгата „Семејните библиотеки во Прилеп“, чии автори се: Петар Петрески и Магда Василеска.

 

„Најпрво претходеа „Манастирските библиотеки во Прилеп и Прилепско“, од овде започна сè. Како надоврзување на оваа книга одлучивме со Петар Петрески да ја напишеме оваа книга. Знаевме дека голем број роднини, пријатели, прилепчани поседуваат преку 4.000 примероци што се „скриени“, оставени. Затоа решивме да ги посетиме нивните домови и целото тоа заборавено книжевно културно наследство што го гризе забот на времето да го пренесеме во една книга“, вели авторката Магда Василеска, вработен бибилиотекар во градската бибилиотека.

 

Според директорот на библиотеката,  што е коавтор на книгата, Петар Петрески подготовките на „Семејните библиотеки во Прилеп“ траело подолго време.

 

„Знаевме дека ова е интересна и благородна идеја за издавање на една ваква книга. Во книгата се претставени нашите прилепчани и нивните семејни библиотеки со што потврдуваме дека Прилеп и во минатото, па и сега претставува еден историски и духовен центар на Македонија. Навистина сме среќни што е во завршна фаза и што може да ја види виделината на денот. Сега во моментот чекаме да се распише тендер за печатење, но во рок од два месеца ќе го промовираме и ова дело“, вели директорот Петрески.

 

Библиотеката „Борка Талески“ и за оваа година има предвидено голем број на активности, што на минатата седница беа изгласани од Советот на Општина Прилеп. Планирани се набавки на актуелна литература од повеќе автори и издавачки куќи, по поволни цени. Издавачката дејност на библиотеката ќе продолжи и во овој период, така што покрај традиционалните изданија на зборникот „Поетско Маркукуле“, ќе се издадат и други публикации коишто го бележат културниот живот во Прилеп, а чии автори се исто така од Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци