На 14.06.2021, на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 15 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 12 возачи управувале возило без возачка дозвола, 8 возачи разговарале на мобилен телефон и 1 возило било технички неисправно.
Под дејство на алкохол управувал еден возач и тој бил исклучен од сообраќај.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.