Серија на физички напади низ Прилеп во текот на вчерашниот ден

 

На 04.08.2024 во 19.20 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Д.С.(32) од Прилеп затоа што го нарушил јавнито ред и мир со агресивно однесување. Подоцна, Д.С. пријавил дека во 22.35 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп бил физички нападнат од партнерот на неговата поранешна партнерка и уште две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 04.08.2024 на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  го лишиле од слобода С.Т.(40) од Прилеп затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настаот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 04.08.2024 во 08.30 часот во ОВР Прилеп, 26 – годишна девојка од Прилеп пријавила дека на ул.„Кузман Јосифовски” во Прилеп била физички нападната од В.Б. со кого живееле заедно. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци