„Сечилото сум јас“ – промоција на книга од Дарко Неделковски

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 6-ти септември во Офицерски Дом Битола, во 12 часот промоција на својата прва книга „Сечилото сум јас“ ќе има авторот Дарко Неделковски.

Интуицијата милувана од внатрешниот глас или мудрецот кој го обеспокојува духот и го отвора патот кој е најмалку чекорен.  Оваа книга е автопортрет, во кој фокализацијата писателот ја прави преку ликови кои се проекција или остварени архетипи во реалноста, кои чекорат и говорат со него. Колку сме подготвени да навлеземе длабоко низ нишките на своето несвесно и да извојуваме самоприфаќање и  самосвесност? Внатрешниот свет е огледало на надворешниот. „Oна што е горе е долу“ е запис во криптичкиот текст „Зелената Табла.“ Токму ова е она што писателот го манифестира преку зборот. Судбината е одредена од самиот човек, од неговиот внатрешен глас, неговата интуиција и разумот.

Внатрешниот дијалог го соблазнува битието да чекори низ кругот на сопствениот пекол, чистилиште и рај воден од макрокосмичката сила. Таа сила е сопоставена и контура на микрокосмосот. Се соочуваме со  отсликување на свет во свет. Архетиповите на патување на херојот, на стариот мудрец го обзнануваат внатрешниот свет на писателот. Тие се негови водилки кон откривање на самиот себеси.

Целта на авторот како што кажува е „да помогне на другите да го достигнат својот потенцијал, да се откријат себеси и да се посветат на својот личен развој. Имам намера да ги водам луѓето кон подобро разбирање на себеси и да ги охрабрам да не престануваат да сонуваат слушајќи го внатрешниот глас“.

Писателот како алхемичар испишува за една метаморфоза на духот и за тоа како да станеш посилна личност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми