Се валоризира споменичната целина Градок кај селото Манастир

Стручна екипа од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп го реализира Елаборатот за валоризација на споменичната целина Градок кај селото Манастир.

Археолошкото наоѓалиште се наоѓа на мошне доминантно возвишување над долината на Црна Река, а во близина на Расимбегов мост. Стратегиско значајниот воен пункт – утврдување од доцната антика, прераснува во важен христијански центар во средновековието во областа Мариово.

Покрај добро сочувана ѕидна архитектура од две цркви, видливи се и остатоци од бедемите, како и од градбите со различна намена во акрополата и подградието.

Со валоризирањето, археолошкиот локалитет ќе добие повисок статус на заштита.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми