Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запали за време на поправка на пристаништето во Мурманск. Од бродот се спасени осум луѓе, од кои тројца се повредени, а едно лице се води за исчезнато.
Според првичните податоци, огнот ја зафатил првата единица за напојување, а најверојатно избувнал поради непочитување на правилата за безбедност, пренесе агенцијата „Тасс“.
Пожарот избувнал додека на бродот се вршеле поправки во бродоградилиштето во северозападниот регион Архангелск. Одговорните во бродоградилиштето велат дека пожарот започнал во товарниот дел од бродот.
Носачот „Адмирал Кузњецов“ е на ремонт од лани, а моментално е единствен активен руски носач на авиони.