Се конституира новиот Совет во Општина Крушево, за претседател е избран Андреј Николоски

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Се конституира новиот состав на Советот на Општина Крушево, а за негов претседател е избран Андреј Николоски.

Советот го сочинуваат 6 советници од СДСМ, 4 од ВМРО ДПМНЕ и 1 од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива.

На конститутивната седница се обрати и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој се заблагодари на досегашниот состав на советот за учеството во многубројните проекти и на новите советници им посака успешна работа.

„Сакам да се заблагодарам на досегашниот претседател на советот кој својата работа ја водеше успешно и придонесе кон една хармонија во советот и консензус за најважните прашања за граѓаните. Тоа е веројатно најсилната порака која може да биде испратена до вас како идни советници. Партискиот интерес е оправдан, но никогаш не смее да биде пред граѓанскиот, општествениот, интересот на Крушево. Да го запаметиме ова.“, изјави Христоски.

По завршување на седницата на социјалните мрежи се обрати и досегашниот претседател на советот Тома Петроски.

„ Во изминативе 4 години како Совет донесовме голем број на одлуки од интерес на граѓаните и општината. При донесувањето на сите одлуки се водевме само и исклучиво од интересот на граѓаните. Посебно внимание посветивме на зголемување на транспарентноста во работата на советот, како и тоа Советот да стане поблизок до граѓаните, а како белег на ова ќе остане новата сала за одржување на седниците на советот од која граѓаните ќе имаат прилика да ја следат работата на Советот во живо. Токму оваа сала, како и опремата за кино салата, се резултат на заедничката работа на сите советници од сите политички партии“, напиша Тома Петроски на својот профил на Фејсбук.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира