
Со голема радост Ве информираме дека при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп, на Одделението за гинекологија и акушерство, ја отвораме Школата за трудници – простор каде идните мајки и татковци ќе добијат поддршка, знаење и охрабрување на секој чекор од патот до родителството, информираат од Одделението за гинекологија и акушерство во Прилеп.
„Искрено им благодариме на нашите пријатели и поддржувачи: Vitabiotics, ProMedika, подмладокот на Rotary Club, Euroglass и други, кои со својата несебична помош придонесоа оваа идеја да стане реалност. Нивната поддршка ни овозможи да создадеме топол и пријателски простор за сите идни родители. Со нас – чекор по чекор, кон сигурно, информирано и спокојно родителство. Ве очекуваме со отворено срце“, додаваат од тимот при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп.









