СЗО: Делта сојот ќе стане доминантен мутиран вид, досега е регистриран во 124 земји

Facebook
Twitter
Email
Print


Светската здравствена организација  (СЗО) денеска објави дека бројот на земји и територии во кои циркулира делта сој на коронавирусот, кој е досега најзаразен, се искачи на 124 земји.

Експертите тврдат дека делта варијантата брзо ќе се прошири и ќе стане доминантен мутиран вид на коронавирус.

Покрај тоа, СЗО е загрижена за ширењето на сите четири нови видови.

Алфа сојот, откриен во Велика Британија во септември 2020 година, е регистриран во 180 земји до 20 јули.

Бета сојот, откриен во август минатата година во Јужна Африка, е присутен во 130 земји, додека бразилскиот гама сој е регистриран во 78 земји.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира