Синдикалната кошница надмина 70.000 денари – минималната плата не е доволна ни за храна

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На едно четиричлено семејство во октомври му се потребни најмалку 70.358 денари за основните месечни трошоци, покажува новата Синдикална минимална кошница на ССМ, која за еден месец е зголемена за 926 денари.

Најголем трошок и натаму се храната и пијалаците со 26.170 денари, додека за семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри вкупните месечни трошоци се искачуваат на 85.733 денари.

Паралелно, Министерството за економија и труд неодамна објави и сопствена пресметка на потрошувачката кошничка, според која на четиричлено семејство во август му биле потребни 58.475 денари месечно. За истиот месец, синдикалната кошница изнесуваше 68.675 денари, што значи дека двете пресметки се разликуваа за 10.200 денари, а само кај храната и пијалаците разликата беше околу 3.900 денари.

Од Министерството објаснија дека разликата произлегува од различната методологија и производите и услугите што се пресметуваат, при што во нивната кошничка не се вклучени трошоците за кирија или станбен кредит.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци