ВИДЕО : Скара на соларна енергија

Печењето на плескавици, кебапчиња, ребра и останати гурмански специјалитети на соларна скара можеби на прв поглед изгледа чудно, но е навистина практично.

Овој гаџет штеди пред се енергија, не ја загадува околината, нема потреба од чадење, распалување, сецкање ситни дрвца и дување во скарата ако таа загасне.

Единствено што треба да направите е скарата да ја насочите кон аголот од каде што доаѓа најмногу сончева светлина.

Дали ова ќе ја замени во иднина традиционалната скара ќе видиме, или сепак кебапи на ќумур ќе си останат кебапи на ќумур. Што мислите вие ?

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци