Слаб интерес во Прилеп на повикот за ангажирање на волонтери пожарникари – Општината набавува ново возило за ТППЕ

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Јавниот повик за ангажирање на волонтери во противпожарните единици е продолжен до 30 јули. На почетокот заинтересираноста беше слаба, околу 6-7 пријавени, да оставиме уште оваа недела да се пријават што повеќе лица на овој повик, изјави денес градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Точно е дека летниот период на овие екстремно високи температури зачестени се пожарите и мора да кажеме дека секогаш е човечкиот фактор виновен, гледаме дека и многу лица се осомничени за намерно подметнување. Но без обзир на тоа ние мора да бидеме подготвени, особено по она што ни се случи ланската година во регионот Мариово. Секој ден сме во контакт со ТППЕ Прилеп, каде максимално се ангажирани сите смени, излегуваат веднаш на терен на секој повик, а и нашите граѓани се информирани за забрана за движење низ шуми и палењето на оган на отворено. Се справуваме потпомогнати од страна на МВР со тоа што ни обезбедија 2 хеликоптери за последниот пожар кој се случи меѓу селата Штавица и Чумово, кој е ставен под контрола и моментално немаме таква опасност од избувнување на пожарот во населени места или пак загуба на човечки животи. Имаме аплицирано за ново противпожарно возило, во фаза сме на набавка, што значи и тоа како размислуваме за зголемување и на квалитетни нови противпожарни возила, како и обезбедување на опрема за ТППЕ Прилеп“, рече Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми