Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ планира до ноември годинава планира да ја замени својата флота на авиони од типот „ербас А320“ со моделот „ербас А321 нео“. Ваков план авиокомпанијата има и за својата флота стационирана на Белградскиот аеродром, пишува порталот EX-YU Aviation News.
Од следната недела „Визер“ треба да почне да лета на новите линии од Скопје за Лион и за Барселона, додека од септември треба да ја воведе линијата за Штутгарт.
Авиокомпанијата годинава не ги опслужува Салцбург, Копенхаген, Келн, Будимпешта, Бремен и Скавста, кои беа оперирани минатата година. Заеднички, шесте линии имаа петнаесет неделни услуги минатото лето.
Во базата во Скопје во моментов се стационирани 4 авиони од типот А320.