Сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило и автомобил во прилепско – еден тешко повреден

 

Вчера рано наутро на влез кај с. Бело Поле се судриле товарно возило и автомобил при што едно лице било пренесено во болница со тешки телесни повредeни.

Имено на 21.03.2021 во 08,20 часот било пријавено дека на влез кај с.Бело Поле, прилепско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.М.(57) од с.Бело Поле и товарно моторно возило “мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ.(46) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.М. констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци