Во Општина Прилеп се одржа состанок на општинскиот Кризен штаб и Советот за безбедност, заедно со преставници од сите институции кои што се одговорни и повикани за справување со настанатите ситуации од обилните дождови и поплавите кои настанаа од тие дождови.
„Во неврзан разговор претходно беа повикани и директорите на јавните претпријатија кои веднаш после настанатата ситуација излегоа на терен и дадоа максимален придонес да се отстранат сите оние несакани наслага од треви, пластика и ѓубре во речното корито и се даде посебен акцент за во иднина превентивно да се делува. Најважно е да имаме ажурирање на сета потенцијална физичка работна сила и механизација, како на ниво на општината, така и во контекст на претпријатијата кои вегетираат на нашата општина Прилеп“, изјави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.