Сојуз на средношколци: Средните училишта во Прилеп не почитуваат одредени точки од договорот за матура

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Сојузот на средношколци е загрижен за спроведувањето на договорот постигнат со Владата за државната матура 2020/2021 година откако матуранти  информирале за професори од некои средни училишта кои изјавиле дека нема да почитуваат одредени точки во договорот.

„Според договорот, се согласивме дека „училиштата се должни да ги споделат материјалите за интерните испити и банки на прашања најдоцна три недели пред денот на испитот. Тие да содржат најмалку 60, а најмногу 100 прашања.

Оваа точка на договорот е флагрантно прекршена од некои средни училишта во земјава. Ова е неприфатливо. Станува збор за училиштата: „Ѓорче Петров“, „Орде Чопела“, „Ристе Ристески-Ричко“, гимназија „Мирче Ацев“,  „Кузман Јосифоски-Питу“, „Јосип Броз Тито“-Битола, „Д-р Јован Калаузи“, „Св. Климент Охридски“ – Гимназија Охрид, „Никола Штејн“-Тетово и „8 Септември“-Тетово, соопшти Сојузот.

Во писмото упатено до премиерот Зоран Заев, министерката Мила Царовска и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, лидерот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи наведува дека на матурантите им било ветено оти постигнатиот договор ќе се реализира точка по точка.

Поради сето ова, матурантите од Заев, Царовска и Наумовска побараа интервенции, со цел сите средни училишта истовремено да го почитуваат и спроведуваат договорот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира