Со автомобил влечеле расипан мотоцикл во Прилеп при што мотоциклистот паднал и се здобил со тешки повреди

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 22.07.2025 во 17.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Горан Миноски“ во Прилеп, додека патничко возило „фиат стило“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(33) од Прилеп, со јаже влечело мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, кој претходно се расипал, а бил управуван од Ж.Ј. од Прилеп, мотоциклистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

По преземени мерки е констатирано дека И.Ј. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 0,54 промили алкохол во крвта.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми