Со мали чекори кон големи соништа – утре на Могила свечена заклетва на првачињата од Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата. Всушност, Светската недела на детето e недела кога интензивно се зборува за правата на децата.  Тие се нашето најголемо богатство, нашата гордост и нашата иднина, светот останува на децата и треба да ги научиме да ги осознаат вистинските вредности на животот и да успеат во овој свет.

Во Детската недела има еден голем и значаен ден кој се празнува во целиот свет, тоа е 5ти Октомври – Меѓународниот ден на учителот. Да се биде учител, воспитувач, наставник, професор е најубавата но воедно и најодговорна професија која бара многу посветеност и одрекување.

Во име на учениците и нивните учители, Општина Прилеп организира настан под слоганот “Со мали чекори – кон големи соништа“ на кој што најмалите ученици – ПРВАЧИЊАТА преку симболичното свечено ветување (заклетва) ќе бидат примени во Детската организација, водени од своите наставници.

Време: Недела 05.10.2025 година од 11 до 14 часот

Локација: Могила на Непобедените – Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми