Спасовски: За регистарските таблички ќе донесеме решение кое ќе биде најдобро за граѓаните

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, гостувајќи во утринската програма на Националната телевизија, беше прашан за најавеното можно решение за употреба на налепници на регистарските таблици наместо да се издаваат нови како обврска од Преспанскиот договор, при што тој истакна дека тоа решение е во напредна фаза, но на крајот ќе се разговара на седница на Влада за конечното решение.

„Како МВР сметаме дека едно од решенијата е да се стават налепници. Со налепници практично без некаков трошок или многу мал трошок, да се задоволи тој законски момент”, рече министерот Спасовски.

Министерот истакна дека има три категории на возила, на граѓани кои поседуваат такви возила.

„Имаме регистарски таблици со три бројки кои се многу стари, кои не се променети воопшто, имаме околу 220-230.000 кои практично се со МК и нови таблици со 4 бројки кои треба да се променат и уште толку кои веќе се променети, значи преку 220-230 илјади кои се променети”, истакна Спасовски.

Спасовски нагласи дека најважно за МВР е да се донесе најдоброто решение.

„За нас е важно да го донесе најдоброто решение за граѓаните и да се остави опциона можност, ако сака граѓанинот да ја смени табличката, ако сака да стави налепница. Тоа би било едно од можните решенија. Јас очекувам дека наскоро ќе го дефинираме и ќе излеземе пред јавноста. Ние стоиме на располагање преку измени во упатства да имаме поповолно решение за секој од нас”, рече министерот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира