Синдикатите бараат минимална плата од 500 евра, бидејќи оние 450 за кои притискаат речиси една година повеќе не се во игра. Од ССМ предлагаат минималната плата да биде 30.500 денари, а за разликата од 6.000 денари работодавачите да бидат ослободени од придонеси, односно да бидат субвенционирани од државата 12 месеци.
Овој предлог деновиве ќе го пратат и до Владата и до Собранието.
Инаку следниот месец минималната плата треба да се зголеми за речиси 2.000 денари, односно од сегашните 22.567 минималецот ќе скококне на 24.400 денари, или толку колку што предвидува законот, согласно порастот на трошоците за живот и просечната плата.