ССМ излегува на протест на втори април – се бара повисок минималец

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Претседателот на Сојузот за синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најави дека на 2 април ќе одржат протест на улиците во Скопје. Ова доаѓа откако во вторникот Владата ја усвои информацијата дека минималната плата ќе се зголеми за 1.800 денари во нето износ, а според ССМ, одлуката е незаконска.

Зголемување на минималецот без согласност од Економско социјалниот совет односно Синдикатите, отсуството на преговори за зголемување на платат во јавниот сектор според колективните договори и константите политички притисоци врз членството преку директорите именувани од Владата се причините поради кои ССМ на 2 април излегува на протест.

Според Трендафилов платите во јавниот сектор треба да се зголемат и усогласат со минималната плата но во моментов има пречки бидејќи Владата парцијално преговара со гранковите синдикати и во спротивност со општиот колективен договор.

Тој обвини дека од последната прес-конференција се засилиле нападите кон синдикатите здружени во ССМ и кон Сојузот на синдикатите на Македонија од политичка партија.

„Се засилија нападите како од политичка партија така и од политички поставени директори кои примаат плата од нашите плати, кои ги плаќаме како даноци во државата, не ги плаќаме за да ги минираат процесите за да ги намалуваат платите и за да не ги остваруваат барањата и заложбите на работниците, не ги плаќаме за жестоко да се борат со закани, со уцени за отказ од работни места, за намалување на плата, за суспендирање на наши синдикални активисти, со една цел да направат друг Синдикат репрезентативен на штета на работниците“, истакна Трендафилов.

Од ССМ информираат дека денес со Комисијата за утврдување на репрезентативност е почнат процесот на пребројување на членови,  дека ССМ се единствената Синдикална организација која поднела листи со активни членови и дека процесот ќе продолжи во текот на идната недела.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми