ССМ: Ова е борба за работнички права и достоинствени плати – обвинуваат за притисоци и закани пред утрешниот протест

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Нападите кон Сојузот на синдикатите на Македонија нема да го запрат синдикатот во барањата за повисоки плати и подобрување на животниот стандард на работниците, порача денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов потсетувајќи за утрешната јавна седница на Советот, претседателството и надзорниот одбор на ССМ која ќе се одржи во 12:05 пред Собранието, Стопанската Комора и Владата.

„Со нечовечкиот однос кон синдикалните претставници не само што е повреден Уставот и законите во Македонија, туку има повреда и на меѓународните конвенции на трудот и за тоа веќе се известени Меѓународната организација на трудот, Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати кои даваат целосна поддршка на ССМ“, истакна Трендафилов.

Праша дали ако го нема него или ССМ ќе се живее среќно и весело. – Не, рече, тој и повика функционерите да ги симнат розовите наочари со кои гледаат во нивните скапи и луксузни кабинети.

Трендафилов рече дека ССМ се загрижени за состојбата во која 250.000 работници примаат плата до 32.000 денари, а 380.000 работници примаат плата под просечната плата во земјата. Појасни дека јавната седница е против одлуката на Владата да ја зголеми минималната плата за само 1.800 денари, што синдикатот го смета за незаконско и недоволно. ССМ бара минималната плата да изнесува 30.000 денари, наместо предложените 24.300.

Им порача сите избрани и именувани функционери, вклучително и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, од денес да примаат плата од 500 евра, ама во Парламентот да биде изгласан закон со кој минималната плата на работниците ќе биде 500 евра.

„Сите ние заедно да примаме 500 евра плата, една година. Јас немам никаков проблем со тоа, да ги видам нив – порача јавно Трендафилов и ги повика сите министри од Владата, пратениците, директорите и шефовите, кои се на државна сметка цел живот, да примаат 500 евра минимална плата, колку што ќе примаат близу 200.000 работници.“

Според најавите, Јавната седница од пред ССМ ќе продолжи пред Парламентот, каде што синдикатот ќе порача дека не може да има подобрување на платите за пратениците без подобрување на платите за работниците. Пред Стопанската комора, ССМ ќе истакне дека поддршката на работниците е од суштинско значење за стабилноста на економијата. Завршниот дел од протестот ќе биде пред Владата, каде што синдикатот ќе побара да се вклучат работниците во одлуките за нивните плати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми