Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска почнаа кампања под мотото „Стави појас” која е во насока на продолжување на позитивниот тренд на подобрување на безбедноста во патниот сообраќај.
Обврската за користење на сигурносен појас е задолжителна без разлика на тоа дали возилото се движи во населено или надвор од населено место. Не користењето на сигурносниот појас се санкционира со парична казна наменета исклучиво за лицето кое не користи појас без разлика дали станува збор за возач или патник на предното или задното седиште. Кај голем дел од современите моторни возила вклучувањето на воздушните перничиња зависи од тоа дали е ставен сигурносниот појас
„Користењето на сигурносните појаси е законска обврска како за возачите така и за патниците на предните и задните седишта. Возачите и патниците треба да знаат дека користењето на сигурносниот појас е наменето пред се за нивна лична безбедност и тоа е суштинско за тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди. Законот предвидува казни за возачите и патниците кои не користат појаси, но нема поголема казна од последиците од сообраќајните незгоди во кои учесниците не користеле појас“, велат од МВР и РСБСП.
Проценките покажуваат дека голем дел од возачите не користат сигурносен појас. Состојбата е уште по неповолна кога станува збор за сопатници на предното седиште, додека бројот на патници на задното седиште кои користат појас е приближно еднаков на нула. За споредба, стапката на користење сигурносен појас на предните седишта во земјите од Европската Унија е околу 90%, а на задните седишта од 60% – 70%.
Во 2020 година, на патиштата во Република Северна Македонија 125 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 5494 лица се повредени.
![](https://infokompas.com.mk//wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)