Објектот на Општина Долнени, во селото Долнени, каде до пред неколку години се наоѓаше административната зграда на локалната самоуправа, е оставен во катастрофална состојба. Овој објект изграден со народни пари, се распаѓа, обраснат е целиот со треви, а дворот е претворен во вистински змијарник.
Преполн со ѓубре и разни општински возила кои во моментов не се користат од непознати причини и се оставени да се уништуваат. Тука може да се забележат возила за собирање на смет, противпожарно возило и каросерии на разни автомобили.
Граѓаните се жалат и прашуваат како може никој да не одговара за ваквата состојба во која се наоѓа зградата и бараат општината да се врати повторно назад каде и си беше со децении, во селото Долнени, а не како сега во селото Ропотово.