Стартуваше изградбата на гасниот интерконектор со Грција

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Стартуваше изградбата  гасниот интерконектор со Грција во должина од 66,7 километри на потегот од Гевгелија до Неготино, со почетен капацитет од 1,5 милијарди метри кубни годишно.

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на означувањето на почетокот на градежните работи посочи дека проектот ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно стабдување, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите и како што нагласи, силна порака – конечно стануваме дел од европската енергетска мрежа.

„Овој проект не е нова идеја но досега остана само идеја, иако беше ветувано претходно никогаш не беше започнат. Затоа денеска не правиме спектакл за да ги залажаме луѓето, туку да покажеме дека се работи со одговорност, истрајност и вистински намери. Резултатите стигнуваат. Ова е само дел од поголемата слика, се поврзуваме со гасоводите на соседите, што ќе не направи регионална енергетска крстосница“, рече Мицкоски.

Вредноста на проектот е 3,7 милијарди денари (60 милиони евра), обезбедени со поддршка од ЕБОР, ЕИБ и ЕУ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми