Стоби Флипс и Брилијант се најпознати брендови во 2023 година

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Стоби Флипс е најпознатиот бренд во категорија флипс, а Брилијант во категоријата сончогледово масло, според истражувањето „Најпознати брендови 2023-та година” на Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД. Истражувањето е спроведено со директно интервјуирање на 1.200 потрошувачи на територија на целата држава, од кои 86% проценти го избрале Стоби Флипс како најпрепознатлив бренд, а 49% сончогледовото масло Брилијант.

Популарноста на Стоби Флипс отскокнува далеку над другите брендови во оваа категорија и продолжува во континуитет со речиси изедначено учество со претходните две години, со што си ја потврдува позицијата како најпрепознатлив бренд на домашниот пазар со најголем процент препознатливост од потрошувачите во сите категории.

Анализирани се вкупно 16 категории на производи, а Витаминка е една од двете компании застапени на оваа листа со два водечки бренда во своите категории.

Инсајдер ИД веќе 4-та година по ред го спроведува истражувањето во кое учествуваат сите брендови од домашно или странско потекло, достапни во малопродажба на домашниот пазар и нуди увид во популарноста на брендот, довербата и изборот на потрошувачите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира