Суперхикс Банда инструментале ја промовираа новата песна „Добар човек“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Суперхикс го промовираа својот нов сингл со наслов “Добар Човек” и анимиран видеоспот авторско дело на младите Меланија Димоска и Александар Несторовски. Ова е најновиот сингл на Суперхикс со наслов “Добар Човек”. Уште еден од неколкуте кои го најавуваат најновиот студиски албум на вашата Банда Инструментале.

„Суперхикс упатуваат апел и предлог до Министерството за здравство и сите останати релевантни установи да се субвенционираат сите антидепресиви и релаксирачко/смирувачки медикаменти. Македонија е рекордер по сите параметри за користење на антидепресиви и седативи по глава на жител па со ова значително би им се олеснило на корисниците а за жал ги има илјадници. Очекуваме одговор – час поскоро!“

Песната е снимена во студио ТРА ЛА ЛА (Мите Димовски), а музиката, текстот и аранжманот се на Суперхикс.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми