ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Mакедонскиот олимпиец, таеквондист, Дејан Георгиевски, ќе се бори за златен медал во Токио. Георгиевски, кој се натпреварува на Игрите во таеквондо во категорија над 80 килограми, стигна до финалето по победата во полуфиналето над Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.
На патот до полуфиналето, Георгиевски го победи актуелниот светски првак, Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба, со 11:8 како и Сајду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.
Пласманот на Георгиевски во финале на Олимписки игри е прв за Македонија во било кој спорт по пауза од 21 година. Во финалето, Георгиевски ќе се бори со Владислав Ларин од Русија. Мечот започнува во 14:45 часот.