Талески: Бараме транспарентност и одговори за заемот од 6 милијарди евра

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Бараме траснпарентност и одговори за заемот од 6 милијарди евра од Велика Британија, што е едно од најголемите задолжувања на државата, на идните генерации, направено од која било влада досега, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Талески нагласи дека СДСМ ќе го поддржи договорот за стратешко партнерство со Велика Британија и тука нема дилема, но за делот со заемот јавноста нема никакви информации и дека власта е должна да ги соопшти.

„Со оглед на тоа дека за вакво сериозно задолжување од 6 милијарди евра, граѓаните немаат никаква информација, ни од претседателот на владата, ни од вицепремиерот, може да има простор за разни шпекулации. Затоа ние како партија бараме јасно да се стави во јавност, за што се тие 6 милијади, какви се условите на кредитот, колку ќе бидат каматите, која е обврската на државата што треба да ја исполни спрема Велика Британија. Особено што имаме негативно искуство во овие 10 месеци откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, државата се задолжи во друга земја со една милијарда, а во домашните банки со над 600 милиони евра“, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми