Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Подготвени сме да разговараме за се, за пакет мерки со кои ќе ги решиме сите заостанати прашања од минатото, рече денеска министерот за здравство, од Коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање во врска со промената на државниот грб.

Како што изјави Таравари, Македонија е една од ретките постсоцијалистички држави чиј грб не е сменет.

„ВРЕДИ е подготвен да разговара за се. За жал, во минатиот период повеќе осетливи теми се ставаат под тепих. Ние сме подготвени да разговараме за пакет мерки кои се нерешени во изминатите 20 – 30 години и во пакет да ги решиме, зошто тука да не бидат и грбот и химната и 20 отсто и други етнички прашања ако има и веќе да се фокусираме на економијата, евроинтеграција, антикорупција, подобри плати, подобар живот…“, истакна Таравари.

На прашањето што треба да стои на грбот, Таравари одговори дека во ВРЕДИ се уште не ја отвориле оваа тема.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира